Почетна  најава 

 
За нас
Контакти
Настани
Инструкции
Безбедност
Помош
Политика за приватност
Најава
Корисничко име:
лозинка:
Ја заборавивте Вашата лозинка?


 
Casys cPay
 

Инструкции за cPay модулот за клиенти

 

 

Најава

Состојба на сметка

Преглед на сите плаќања

Промена на податоците на корисникот

Промена на лозинка

 

 

НАЈАВА


Доколку сакате да го користите cPay модулот за клиент, по внесување на адресата www.cPay.com.mk, кликнете на линкот ‘НАЈАВА’ во секцијата ‘КЛИЕНТ’



Се отвара страницата за најава, Внесете ги Вашето корисничко име и лозинка и кликнете ‘потврди’. Доколку не сте регистриран корисник, кликнете на линкот ‘Регистрација’ и регистрирајте се.

на почеток

 

 

 

 

СОСТОЈБА НА СМЕТКА


Клиентите на cPay имаат можност да ја проверат состојбата на сметката на платежната картичка издадена од Банка која е во мрежата на КаСис. За да ја проверите состојбата на сметка на Вашата платежна картичка, кликнете на линкот ’Состојба на сметка’ на навигациониот горен дел од страната или на текстуалниот линк на левиот дел од страната.



Страната „Состојба на сметка“ е вчитана. За проверка на состојба на сметка на платежна картичка, пополнете ги податоците во формата:

  • Број на платежна картичка:
    Внесете го бројот на Вашата платежна картичка.


  • Тип на платежната картичка:
    Изберете го типот на платежната картичка.


  • CVV2 / CVC2:
    Внесете го троцифрениот код кој се наоѓа на задната страна од платежната картичка.


  • Важност на платежната картичка:
    Внесете го датумот до кога важи платежната картичка, онака како што е запишано на платежната картичка.


По пополнувањето на бараните податоци, кликнете на копчето „Проверка на состојба на сметка на платежна картичка“. Расположливите парични средства ќе бидат прикажани под формата.



на почеток

 

 

 

 

ПРЕГЛЕД НА СИТЕ ПЛАЌАЊА


По најавување со Вашето корисничко име и лозинка, кликнете на 'Листа на мои плаќања' во горниот дел на страницата или на линкот на левата страна.



Страницата 'Листа на мои плаќања' се вчитува. Во неа ја има историјата на Вашите плаќања направени преку cPay.
Во горниот дел од страницата има неколку филтри за пребарување кои може да се искористат за да се прикажат одредени трансакции според претходно дефинираните услови за пребарување.

  • Почетен датум:
    Приказ на плаќањата направени по одредениот датум.


  • Краен датум:
    Приказ на плаќањата направени пред одредениот датум.


  • Тип на платежната картичка:
    Приказ на плаќањата направени според типот на користените платежни картички.


  • Број на платежна картичка:
    Приказ на плаќањата направени со одредена платежна картичка.


  • Статус:
    Приказ на плаќањата според определен статус. Статусост на трансакцијата може да биде:

    • Успешна – успешно процесирана трансакција;
    • Одбиена – неуспешно процесирана трансакција;
    • Нарачка во процес – од страна на купувачот не е потврдено плаќањето на нарачката;


  • Трговец:
    Приказ на плаќањата според одреден трговец.


  • Опис:
    Приказ на плаќањата според описот на плаќањето.

Модифицирајте ги филтрите и притиснете го копчето 'Прикажи'.






на почеток

 

 

 

 

ПРОМЕНА НА ПОДАТОЦИТЕ НА КОРИСНИКОТ


Корисникот во секое време може да направи промена на своите податоците. За таа цел кликнете на 'Промена на податоците за корисникот' под 'Профил на корисникот' во горниот дел од страницата или кликнете на линкот 'Профил на корисникот' во менито на левата страна.



Страницата „Промена на податоците на корисникот“ е вчитана. Таа содржи форма, пополнета со податоците на корисникот.



на почеток

 

 

 

 

ПРОМЕНА НА ЛОЗИНКА


За да ја промените лозинката кликнете на 'Промена на лозинка' под 'Профил на корисникот' во горниот дел на страната или кликнете на линкот 'Профил на корисникот' во менито на левата страна.



Страницата 'Промена на лозинка' е вчитана. Таа содржи форма која ќе Ви овозможи да ја внесете новата лозинка.
Новата лозинка мора да ги задоволува безбедносните барања: да содржи барем една голема буква, една мала буква и цифра. Внесете ја Вашата тековна лозинка, внесете ја Вашата нова лозинка, внесете ја повторно Вашата нова лозинка и притиснете го копчето 'Сочувај'.
Се отвора нова страна која содржи потврда дека лозинката е успешно променета.



на почеток

 

 

Овој веб сајт користи колачиња "Cookies"

На веб страницата www.cpay.com.mk користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство при користење на нашата веб-страница. Дополнителни информации поврзани со “Cookies” може да најдете тука.
| За нас | Инструкции | Безбедност | Прашања | Контакти | Настани | Политика за приватност 
©2005, on DAIS eBank .NET | Privacy Policy